Американскиот сервис за онлајн плаќање Пејпал од понеделник (24 септември) ќе биде достапен и за користење и за македонските граѓани. Сервисот функционира така што корисникот треба прво да се логира со валидна е-адреса и соодветна платежна картичка за да може да се уплатува, праќа и да се примаат пари преку интернет. На страницата на Пејпал стои дека измената во листата на земјите ќе биде извршена на 24 септември, така што и македонските граѓани ќе добијат шанса да ги користат неговите услуги. Постојат три типа на сметки - лична (праќање пари и примање на истите под одредени услови), премиер сметка (примање и праќање на поголеми суми) и бизнис-сметка (создадена за правни лица со одредени правни ограничувања и бенефиции.)
Американскиот сервис за онлајн плаќање Пејпал од понеделник (24 септември) ќе биде достапен и за користење и за македонските граѓани.
Сервисот функционира така што корисникот треба прво да се логира со валидна е-адреса и соодветна платежна картичка за да може да се уплатува, праќа и да се примаат пари преку интернет.
На страницата на Пејпал стои дека измената во листата на земјите ќе биде извршена на 24 септември, така што и македонските граѓани ќе добијат шанса да ги користат неговите услуги. Постојат три типа на сметки - лична (праќање пари и примање на истите под одредени услови), премиер сметка (примање и праќање на поголеми суми) и бизнис-сметка (создадена за правни лица со одредени правни ограничувања и бенефиции.)
Можеби најголемиот проблем за пробивање на нашата работна сила на странскиот пазар е токму непостоењето на овој сервис во Македонија.